од Ана Голејшка Џикова

Гасеница малечка
на гранка седи и плаче.
Ја задеваат бубалките,
личела на маче.
 
Пркна нов ден.
Гасеница слече јакна,
протри нежно очиња
и денот го бакна.

Полета нежно
на крилца во сите бои.
Пеперуга сум, бубалки
и убаво ми стои.

Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik.


Од истата авторка:

Напишете коментар