од Петар Андоновски

Ете се случи и тоа чудо
прасето се вљуби лудо
 
По цел ден пред огледало седи
и стомакот со метар си го мери
 
Од утрово ни компири не пржи
тоа реши диета да држи
 
Од утре и на аеробик ќе иде
згоден сака да биде
 
Сѐ беше во ред
дури не се почувствува клет
 
Кај слабо прасе иде
кога природно треба дебелко да биде
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik

Од истиот автор:

Напишете коментар