од Ава Костуранова и илустрација на Ване Костуранов

Ах, овој чуден свет
денес видов зајак во лет,
мачка што плива
и куче со грива.

Во шума волк да најдеш
невозможно ќе биде.
Волците во училишни клупи седат
тројки, четворки и петки редат.

Лиска, пак, тргнала велосипед да вози,
а шепите едвај педалите ги стигаат.
Падни, стани, по цел ден така
ама сè се може ако се сака.

Во овој свет сè е можно,
и зајакот да лета и мачето да плива,
ништо не е невозможно
кога се фантазира.

Напишете коментар