од Драгана Заревска (Телемама)

Мадлен беше необична мува
со хобија разни:
списанија за архитектура чита,
на јога утринска ита,
стари ЦД-а чува.
 
Во бавчата на дедо 
Мадлен често волонтира,
комшијата го кара
кoга отпад не сортира:
– Па, не може така, чичо Јоцо
не оди тетрапак со метална конзерва,
пластично шише, лушпи од кромид и етикета,
па, дали си чул ти за Тунберг Грета?
 
Чичкото малце се заплетува
и да научи што не знае – ветува.

илустрација: Телемама

Напишете коментар