од Калина Малеска

На морскиот брег стигнавме денес 
од пристаништето тргнуваме 
острови безброј сакаме да видиме 
со брод далеку ќе патуваме. 
 
Ајкули кружат во водите сини, 
китови пливаат, скокаат делфини; 
бродот плови, морето го сече, 
на палуба уживаме, сонцето нè пече. 
 
Ветер дувна, но бродот мирно плови 
од силните бранови немам страв. 
Времето се смирува, облаците бегаат, 
во фантазијата, ова е одмор прав. 
 
Ајкули кружат во водите сини, 
китови пливаат, скокаат делфини; 
бродот плови, морето го сече, 
на палуба уживаме, сонцето нè пече. 

Designed by Freepik

Напишете коментар