од Владимир Лукаш

Ги грабнале силни молци
кутрите исплашени овци
и рува им јадат ли јадат,
со волна си се сладат.
 
„Ве молиме, ќе смрзнеме,
ќе се следиме, ќе премрзнеме!
Сѐ уште ечи ладната зима,
а ние в штала немаме клима..."
 
„Гајле ни е!", рекле силните молци
и на овчичките им текнала финта:
Ќе ги викнат на помош страшните волци
да направат интервенција итна.
 
Пратиле абер по овчарскиот пес
кој веднаш в трк се дал.
Во брзање го турнал малиот еж
кој носел кашмирен шал.
 
Волците, иако в лов пошле,
веднаш в шталата дошле.
Ги кренале штетниците на клоци,
натепани, побегнале алчните молци.
 
„Повелете, другари, сиренце бело
и свежо млекце - буре цело!"
Волците до ситост се најале
и како среќни кучиња залајале.
 
Овците, спокојни, заспале мирно,
под ѕвездено небо ширно.
И навистина е факт, а не мит,
оти овците се на број, а волкот сит.

илустрација: Наталиа Лукомска


Од истиот автор:

One response to “Братство и единство”

Напишете коментар