од Владимир Лукаш

Има еден дух,
многу страшен, ух!
Животните Плух го викаат
и од страв ко жапци икаат.
 
Со очи црвени
и шепи дрвени,
со кактуско тело
боцкаво цело.
 
Ноќе завива,
часовници навива
и без да се труди
сите ги буди.
 
На животните им се смачи
Плух да ги мачи
и викнаа истерувач на духови
– специјалист за плухови.
 
Тој постави мамки,
секакви замки,
зад дрво се скри
и изброја до три.
 
И, што се случи?
Тоа, дете, ти одлучи.
Напиши во една строфа 
среќен крај на оваа катастрофа.

Илустрација: Лукаш


Напишете коментар