од Владимир Лукаш

Паунот далтонист
не е како другите ист.
Со опашот не се перчи,
зашто не знае дека дречи.
 
В огледало се гледа,
и што ќе види – беда!
Од глава до опаш – цел,
за себе е црно-бел.
 
Чудни очи има,
колор не му штима,
за него шарената пролет
е бела како зима.
 
А бои има тој,
илјада на број!
Жолти, сини, виолетови,
му завидуваат сите цветови.

Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik.


Од истиот автор:

Напишете коментар