од Славе Ѓорѓо Димоски

Жирафо, луда главо,
тебе храна кој ти дава?
 
Жирафо, премудро око
кој бистар те пои поток?
 
Жирафо, горда дамо
навали се и шепни ми само:
 
Што има над облакон, горе?
Дали и таму има море?
 
Или златни палати
со илјада тајни врати?
 
Жирафо, горда дамо,
навистина, што има таму?

Designed by Freepik


Од истиот автор:

Напишете коментар