од Александра Симова

Чекорела по патот
Со сестра ѝ, а сама                                                 
Со очи полни солзи
Една мала лама.
 
Зошто ли, зошто
Дада ми се лути?
Па не ѝ го испив
Зеленото смути!
 
Се мислела, но џабе.
Не можела да сфати
Зошто сестрата лама
Збор нејќе да ѝ врати.
 
И кога виде солзичка
В око како блесна
Се сепна, ѝ текна
На маичката тесна.
 
Не плачи, даде, 
Тоа не е за писок
Па што ако имаш
Две-три кила вишок?!
 
Еве нова маичка
Широка, со туфни
И дојди брзо со мене
Да јадеме крофни!

Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.


Од истата авторка:

Напишете коментар