од Владимир Лукаш

Ени, мени, сени,
си играат две хиени
во сува савана,
без вода, без храна,
под небо широко
како китовско око.

Сени, ени, мени,
слободата ги плени:
им кркорат стомаците,
ги чешаат песјаците,
но тие се две
и доволни си се.

Мени, сени, ени,
бројат месечеви мени
под ѕвезди легнати,
како коњи невпрегнати,
како капки љубов
низ вселена што јурат.

Илустрација: Наталиа Лукомска


Од истиот автор:

Напишете коментар