од Владимир Лукаш

Еден орел
од љубов горел
кон врабицата Рина
– шумската балерина.
Цвеќе ѝ носел,
гнездо ѝ косел,
ѝ правел смешки
и одел пешки
до планинскиот врв
да ѝ набере црв.
Нејзиниот сокол драг,
стокмен во фрак,
згоден како пес,
го фатил бес:
„Орлу, кога ќе те фатам,
сто пердуви ќе ти скратам!
Подалеку од Рина,
зашто ќе те шинам!“
Орелот, од страв,
се сторил зрно грав
и како мало маче
почнал да плаче.

Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.


Од истиот автор:

Напишете коментар