од Владимир Лукаш

Што бара носорог на дрво качен?
Чека пехар да му врачат?
Тој носорог-ас
со верверички стас
што глас го бие
дека шета кога спие,
се испентарил високо
како горд сокол
и сега му фуфка
од ветрот што дувка
да не го бутне,
наземи да го кутне.
Тој добро знае
што е гравитација
и сега се кае
оти не е авијатичар.

Илустрација: Катерина Николовска


Од истиот автор:

Напишете коментар