од Владимир Лукаш

Една пентарка-коза
видела роза.
„Да ја изедам ил’ негувам,
со роса да ја полевам,
да ми цути в дворче
до зеленото борче?
Што да ѝ правам на оваа ретка капка,
да ѝ се восхитувам ил’ да ја лапнам?“
В стомакот – кркотница,
в мислите – бркотница,
а денот ведар
– вистински дар:
сонцето сјае како цицалче-срнче,
од розата ѕирка бебешко трнче.

Дизајн/илустрација: Vecteezy.


Од истиот автор:

Напишете коментар