од Ана Голејшка Џикова

Се шета Миливојче
Бубаче мало
По празни плоштади
Низ пустото маало.
 
Со чадорче за дождец
И чевлички сини
Се прашува кај се сите
Кога ќе ги види?
 
Слушна за некаква
Кралица со круна
Ги скрила сите по дома
И не смеат да се бунат.
 
Кутар Миливојче,
Тропна на врата
Му отвора со маска
Малечката мравка.
 
– Што бараш Миливојче?
– Другарчиња! – тажно кажа.
– Нема никој надвор,
Каква е оваа саботажа?

Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.


Од истата авторка:

Напишете коментар