од Роберт Луис Стивенсон

За дамчести јајца птицата пее, 
За високи на гранките гнезда. 
Морнарот пее за ветрот што вее, 
За бродовите по море што ездат. 
 
Децата пеат в далека Јапонија, 
Децата пеат и во Шпанија,
И органата на органистот пее, 
Пее гласно на дождот што лее. 

Препев: Билјана Црвенковска

Напишете коментар