од Марта Чупевска

Уши кренал 
Сурла свил
Тежок чекор
Поглед мил
Омилен е овој див
Слонот голем, сив.
 
Ноќта паѓа
Сурла писка
Дете спие,
Јорган стиска.
Слон доаѓа в сон.
 
Каде одат?
Што ли в сонот прават?
Само тие знаат.
Летаат ли ил се смеат,
Може само песни пеат.
 
Над креветот тој стои
Со мене овци брои
Џинот од еден тон - 
Другарот мој СЛОН!

Илустрација: Бојан Ивановиќ


Од истата авторка:

Напишете коментар