од Владимир Лукаш

Два страшни архаични слона
качени врз тротинет-бонбона
со вкус на лубеница
и изгор-лутеница,
низ шума итале,
далеку заскитале,
којзнае кај пошле,
којзнае откај дошле,
но тука се, ете,
кај пајакот Гете
спирали што плете
и зиме и лете
в темница пуста
вон шумата густа.

Илустрација: Лукаш


Од истиот автор:

Напишете коментар