од Румена Бужаровска
Си била една чавка што обожавала да грака скокајќи си весело од гранка на гранка. Имала таа што многу да каже, но ја прекинал гавранот, лутото маже: „Зошто си ваква хистерична чавка? Уста не затвораш, везден ти џавкаш! Колку си гласна, колку си бучна! Од твоето гракање јас не се слушам! Не ти е срам да гракаш наглас? Да молчиш ти треба, ти кажувам јас!” Чавката рекла: „Но, гракаш и ти – ние сме од птиците зборлести.“ Ѝ вратил тој: „Мачкај ти очи на друг! Од тебе да не чујам веќе ни звук!” И, чавката летнала. Ѝ станало јасно, па врз глава му пуштила поздравче сласно.
Илустрација: Јана Јакимовска
Од истите авторки:





Напишете коментар