Петар Илич Чајковски

од Владимир Мартиновски

Сестра ми е балерина.
Цела година вежба
Пред огледалото.
 
Дури и на распуст 
Место да се бања 
Со нас во езерото
 
Од зори до вечер
Секој божји ден 
Ги гледа лебедите.
 
Од нив учи движења 
За еден ден и таа да заплива 
Во Лебедовото езеро.

Илустрација: Зоран Кардула


Од истиот автор:

Напишете коментар