од Владимир Лукаш

Нит’ в трол нит’ в Баба Рога,
нит’ в црква, џамија ил’ синагога,
нит’ во вештерка нит’ во вампир
не верува храбриот тапир.

Тој е нешто како прасе,
но многу поголем расте.
Има сурла ко на бебе-слонче
и грицка гранче ко бонбонче.

Со сите се дружи, шармер е прав,
и за сè има беспрекорен став.
Јапонците веруваат оти кошмари јаде
и му простуваат кога вишни им краде.

Прочитај повеќе за ова животно ТУКА.


Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.


Од истиот автор:

Напишете коментар