од Ванчо Полазаревски

Се случува
и тоа, ете,
замислете,
падна
снегулка
среде лете.
Па се чуди,
„Што е со
светов,
горе зима,
долу лето.“
За час
се стопи
и целосно
се вклопи
на плажа,
како капка,
со децата
весело си
шлапка.

Илустрација: Наташа Костовска


Од истиот автор:

Напишете коментар