од Марта Чупевска

Кога волкот 
Го шина колкот
Го прекрши молкот
Почна силно да завива
Соседите мислеа навива
Неговите вресоци и крици
Се слушаа низ цели улици
До полицијата стасаа поплаки
Не се трпат овие викотници јаки
Дајте му нешто за смирување
Инаку нема легнување.
Волчко инјекција прими
И веднаш се смири.

Илустрација: Бојан Ивановиќ


Од истата авторка:

Напишете коментар