од Ванчо Полазаревски

Каква радост,
каква смеа,
кој е како
неа?!
Се ниша,
жирафче
Верче,
слатко
мало,
нишалче
ѕверче.
Се ниша
и се дума,
жими сè,
не е глума.
„Во цела савана
само за мама велат -
ене ја онаа, највисокана.
Ем мајка, ем нишалка.“
 
Се прашувам,
само, кој и како
ѝ земал мерка,
кога ја измислувал
оваа мила ѕверка!

Илустрација: Наташа Костовска


Од истиот автор:

Напишете коментар