од Ванчо Полазаревски

„Ни траг од бонтон“, 
рече еден слон.
„Полошо и од
одење на забар“,
изјави господин дабар.
„Ужас“, рече 
една школка
„Страшно“, додаде 
средношколка.
Зар е можно,
богомолка
да јаде 
богомолка?
Можно е 
можно,
и можеби е  
и безбожно,
но болно 
до болка,
вистина е, 
богомолка 
јаде – богомолка.
Не е до модата,
едноставно
таква им е – 
природата!

Илустрација: Наташа Костовска


Од истиот автор:

Напишете коментар