Анкилосаурусот бил голем оклопен диносаурус. Тој одел на четири нозе и имал цврст оклоп со плочки и јазли, од главата до опашката. Опашката, дополнително, личела на голем боздоган.

Тој бил хербивор, што значи дека се хранел само со растенија, а неговата уста во форма на мал клун била мошне силна – за со неа да може да ги гризе и џвака цврстите лисја и гранки на растенијата. 

Анкилосаурусот бил еден од најголемите оклопни диносауруси.

Emily Willoughby CC BY-SA 3.0

Значење на името: Споен гуштер

Период во кој живеел: Мезозоик, Креда (пред 66 милиони години)

Исхрана: хербивор

Напишете коментар