од Владимир Мартиновски

На студените глечери
Црно-белите пингвини
(Во костуми најсвечени)
Прават балови во зими.
 
Среќни како мед во грне
Пингвините в пар се клатат
(Во ритам на снег што врне)
Еден друг бавно се пратат.
 
Заедно со пингвините
И китовите се вртат
(Со фоките и рибите)
 
Ко да танцуваат првпат.
(Вртејќи околу игла)
Цела Земја валцер игра.

Илустрација: Зоран Кардула


Песна од книгата „Хор во задниот двор“, наскоро во издание на „Чудна шума“


Од истиот автор:

Напишете коментар