од Исток Ј. Улчар

Ги сакам плажите – тие песочни предели
покрај пенлива вода, со камења врели.
 
Ги сакам плажите, кога деде риби лови
и понекое кајче во езерото плови.
 
Ги сакам плажите кога бранчињата ме галат,
а далечините – да пливам подалеку – ме мамат.

Илустрација: Инес Ефремова


Напишете коментар