од Марта Чупевска

Висока до облаци
Стои, џвака, молчи
Порачува пијалаци
Со цевка шмука, мраз си толчи
Вита става
Долги трепки
Нане си достава
Ајстиво е цепки.
Во еден миг орелот долета
Изненаден извика: Виолета!?
Веднаш прибери се
И жирафски работи прави
На ваков живот заборави.
Вики од високо го погледна,
Со цврста става наследена,
Лимончето го боцна
И му порача: 
Гитла дур не е доцна!

Илустрација: Маргарита Поповска


Напишете коментар