од Ванчо Полазаревски

Изгреала Месечина
По небото езди
Се распрснале околу неа
Безброј ѕвезди
Плови Месечино
Да видиш дали
Се на број
Ѕвездичките рој
Ако некоја фали
Мора да е на гости
Кај децата мали
На родендени
Сјај им дарува
Срамежливо
Другарува
Потоа се враќа
Во своето јато
Блеска цела ноќ
Како да е од злато.

Илустрација: Наташа Костовска


Од истиот автор:

Напишете коментар