од Ванчо Полазаревски

Секоја вечер иста слика,
Луна до креветот на Ања се пика.
Секоја ноќ, таа
на лошите сништа: стоп!
Сите ќе ве пикнам в топ.
Па бум-трас, подалеку од нас.
А вие, повелете, влез,
за вас, мадам принцез.
Исто и за принцот убав ко слика
што од љубов блика.
Елате и грофици и дами
ружи, кринови и циклами.
Добредојдени се и
сништа со торти
и слатки од сите сорти...
И затоа секое сабајле со
проѕевање вели Ања:
- А-ах, ова спиењево, баш е бања.


Илустрација: Наташа Костовска


Од истиот автор:

Напишете коментар