од Џудит Вајорст

Велосипедот фрлен во шупата седи.
Небото посиве и се сневесели.
Нема кој ни коцките да ги реди
Откако Хана се пресели.

Чоколадото има вкус на чај.
Декември во дворот мој се всели.
Не ги пушта да влезат април и мај
Откако Хана се пресели.

Цвеќињата мирисаат на кал.
Пеперугите боцкаат ко пчели.
Не ме сака ни песот мој мал
Откако Хана се пресели.

Ништо не е забавно сега.
Игрите се здодевни, нели?
Од другарите секојдневно бегам
Откако Хана се пресели.

Препев: Билјана Црвенковска


Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.


Напишете коментар