
Каде се наоѓа: Шар Планина е еден од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија. Се наоѓа на северозападниот дел од Македонија, на границите со Албанија и Косово, во близина на градот Тетово.
На Шар Планина се наоѓа Националниот парк „Шар Планина“.
Позначајни врвови: највисок врв Титов Врв (2.747 м); Мал Турчин, Бакрдан, Љуботен, Ливадица, Пирибег…

Позначајни водопади: водопадот на Беловишка Река со пад од 43 м; водопадот Лешница со пад од 25 м.
Позначајни леднички езера: Боговињско, Црно Езеро, Караниколичко Езеро, Бело Езеро…
Значајни извори: на реката Пена, на реката Вардар во селото Вруток и изворите на Камењанска Река.
Клисури: клисурата на реката Пена.
Едно од препознатливите обележја е кулата на Титов Врв, место каде што можат да се засолнат планинарите кои го искачуваат врвот.





Напишете коментар