од Ванчо Полазаревски

На лозјето на Данчо
живееше страшилото Страшко,
елегантно страшило машко.
Работата му беше песна,
од лесна полесна -
да плаши крадци на грозје,
да го чува тоа мало лозје.
Арно ама, за таа работа,
тој немаше баш јуначки став,
а ќе видеше птица,
просто умираше од страв.
И затоа се моли
стопанот на лозјето,
нека прави што ќе прави,
ама на Страшко мора
нозе да му стави.
Па кога ќе налетаат птици,
со тие нивни птичји крици,
а страшилото страв го зграпчи,
па почне без милост да го стега,
да може Страшко јуначки - дома да бега.


Илустрација: Наташа Костовска


Од истиот автор:

Напишете коментар