Г ја има во глава и нога
во Гаргамел и Баба Рога
во гавран, глушец и еднорог
во гуска, гусла и рог
во грав, грашок и праг
во јоргован и шлаг
во Горан, Габи и Драга
во другар, гонг и трага. 

Каде уште Г се крие?
Размислете сега вие!


Текст: Бела Роси; илустрации: Свага; дизајн: Чудна шума; препев: Билјана Црвенковска

Сите права се задржани.

Напишете коментар