од Ванчо Полазаревски

Дојде есен,
температурите
така велат,
лисјата добија
покани да се селат.

Под секое дрво,
жими овој стих,
лисјата постилаат
разнобоен тепих.

И нашите лисја
се на добар пат
тепих да станат
за првпат.

Едниoт лист само брбори:
„Колку убав е есенскиот ден“,
а другиот тивко му вели:
„Е баш си откачен“.


Илустрација: Наташа Костовска


Од истиот автор:

Напишете коментар