од Ванчо Полазаревски

Си бил еден маскенбал,
ниту голем ниту мал.
Тој се правел малку важен,
оти бил маскенбал,
ама маскенбал - тажен.
Затоа робот умна глава,
кловн со светска слава,
доктор против грип,
зајко, ама без џип и
принцезата Анастасија,
сите од земја Фантазија,
му дошле, нека прости,
неканети - на гости.
Сега маскенбалот
не е тажен,
како него никој не е,
по цел ден е весел и се смее.

Илустрација: Наташа Костовска


Напишете коментар