од Владимир Лукаш
Брливиот лос со голем нос сретнал еден јарец ќос, го прашал дал знае да лета, ил само ко улав си шета. Јарецот ќос, без чевли, бос, му рекол оти чека брз воз и си извадил од својата торба вкусна, свежо приготвена чорба. „Сакаш да пробаш?“ – го прашал и направил гримаса ко шапшал. „Благодарам, си носам пита“ – одговорил лосот и почнал да рита. Онака си ритал брливиот лос, колку за финта, колку за штос. „Ми беше драго, но морам да одам“ – рекол лосот и скокнал во вода.
Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.





Напишете коментар