од Ванчо Полазаревски

- Скар тебе! - рече тој
- Скар и тебе. - рече таа.
-Е, ама мојот скар е поголем од твојот.
- Не, туку обратно, поголем е мојот.
- Е па, за да провериме,
ајде да ги мериме.
И застанал едниот скар,
што личел на расеан библиотекар,
до него, вториот скар,
небаре разбушавен аптекар.
И, се мереле, мереле, мереле...
И - ништо. Не се измериле.
А, кој скар е поголем?
Е тоа е проблем.
И продолжиле, уште се мереле,
а други деца од наоколу се береле,
едни коментирале, дискутирале, пееле, 
други се проѕевале, задевале...
па сите се разиграле.
И така, од двете скар,
што се ѕвереле и што се мереле
и кој е поголем трепереле,
сама од себе, се измисли нова игра:
„мерење скар“,
Па сега, секое дете избира што да биде:
банкар, зелкар, чавкар, млекар...

Илустрација: Наташа Костовска


Напишете коментар