од Ванчо Полазаревски
Реката тече,
водата се влече,
а зајко остро ко срча,
само трча, трча…
– Зајко, за миг запри,
не си турист на Капри,
тука си сосем безбеден,
а Лиска сака да ти честита роденден.
– Не можам, нека прости она,
набивам кондиција,
оти наскоро во оваа зона,
почнува – ловна сезона.
Илустрација: Наташа Костовска





Напишете коментар