од Ванчо Полазаревски

Мачки близначки
решиле да плетат
џемпери за квачки
шалчиња за страчки
и капчиња за
бездомни мачки.
Имале макари
и од волница конци
полни плакари.
Во своето мало сопче
го смотаа првото клопче.
А, клопче како клопче,
за мачките е - топче.
И мачките плетачки
станаа мачки
по цел ден грабачки,
тркачки, восхитувачки,
умилкувачки, играчки...
(без плачки.)

Илустрација: Наташа Костовска


Напишете коментар