од Кристина Розети

Изморена ли е месечината? Мошне е тивка
Во магличавата обвивка:
Од исток на запад преку небото преминува
И никогаш не починува.

Пред ноќта нежно да втаса
Бела е таа и јасна;
Пред зората да осамне,
Таа молкум ќе замине.

Препев: Билјана Црвенковска

Илустрација: Freepik

Напишете коментар