од Владимир Лукаш

Господин дотеран и фин

е овој исправен пингвин.

Со бастун, шалче и шапка,
везден рипчиња си лапка.

Со сите сака да размени збор,
тој е навистина културен створ.

Но, кај и да скита тој дома си иде,
со љубената пингвинка да си биде.

Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.


Напишете коментар