од „Азбукварка“ на Ванчо Полазаревски и Наташа Костовска


Гавран како

гавран,

грачи:

– Гра-гра-гра!

Горд, слободен, див.

Галење за него нема.

Гавро, да си ми здрав и жив.

Галениче да беше маче,

Галена ќе те

галеше нежно со раче.

Напишете коментар