од „Азбукварка“ на Ванчо Полазаревски и Наташа Костовска
Ѓаволче
ѓаволесто се ѕвери во
Ѓорѓи и Мери. Не сака
ѓомлезе, ниту ѓувеч. На
ѓеврек сусамлија
ѓаволски е мераклија.
Ѓаволче, дали ти е позната
вештината,
ѓоа ти дават
ѓеврек, а го добиваш од
ѓеврекот, она – во
средината?





Напишете коментар