од Владимир Лукаш

„На сите страни само проблеми
расфрлани ко стари дилеми,
кај и да се свртам ме следат
и крвта во вени ми ја ледат.
Еднаш сакам да се разбудам
без никого в шума да осудам,
да се пензионирам ко среќен ној
и во староста да си вежбам пој!“
– тивко вревна нојот Дачо,
стариот шумски палјачо,
се вртеше в круг ко вртимушка
дур колваше трнлива грмушка.

„Опушти се малку ноју стар,
од нервози никој не видел ќар.
Легни, дремни, касни си торта
и среќата ќе тропне на твојата порта.
Ако само седиш и се нервираш,
неволите сам си ги сервираш.
Глеј ме мене како се радувам,
здравјето и духот си ги чувам“
– му рече белиот зајко Нинѕин,
со тон смирен, господски, фин,
си облече меко ангора палто
и направи смело двојно салто.


Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.


Напишете коментар