од „Азбукварка“ на Ванчо Полазаревски и Наташа Костовска


Женска со

жолто-зелен тен,

жител на жабарникот,

жабата крека цел ден:

– Женска сум славна,

женска главна,

жнеам аплаузи

жими сè, за мене е боза

жабешки да заземам ваква

Ж-поза.

Напишете коментар