од Владимир Лукаш
Четвртото прасе – Фридрих,
на секоја тула пишува стих:
за Црвенлиска, за волкот зол,
за неговиот идол Витман Вол,
за трите прасиња – братчиња,
за лавчињата-аристократчиња,
за убавото пајче и лебедот грд,
за слепиот пијанист-крт,
за верверичката психијатар и чавката,
за носорогот математичар и мравката,
си пишува за сѐ и за сешто,
за вчера, за утре, за ништо и нешто,
си пишува и тули заборава да реди,
му паѓаат прозорци и греди
и клинчиња и ќерамиди и ролетни
и облеки разни, зимски и летни,
а тоа си пишува, гајле си нема
за поетски натпревар се спрема.
Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.





Напишете коментар