од Владимир Лукаш
Едно соларно бувче
танцува врз крувче,
само се клати и пее
дур сонцето грее.
Никогаш не појадува,
ниту се досадува,
туку само си мртка
и светлина си крка.
Навечер, кога е време за спиење,
в сон брка глувчиња на навивање,
ги дотерува во костуми шарени
и ги храни со ѓевречиња варени.
Срцка е тоа бувче соларно
што танцува ко мече поларно
и везден серенади му пее
на сонцето што вљубено го грее.
Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.





Напишете коментар