кон сликовницата „Тигар на улица

пишува: Лени Фрчкоска


Тигар на улица“ (според текст на: Данил Хармс, идеја и концепт: Билјана С. Црвенковска, илустрации: Катерина Николовска) целокупно (на ниво на текст и илустрации) претставува квалитетно книжевно дело за деца од неколку причини.

Пред се, се обраќа на читатели од околу 3 -5 годишна возраст отворајќи битна тема за булинг и справување со него, но, преку слики. На тој начин, независно од текстот, раскажува приказна за насилство и отпор, но остава простор за рецепција преку слика, што дава дополнителна флексибилност при примање на пораката. Поголем простор за лично доживување и интроспекција без посредување на возрасен и поавторитетен толкувач. Му остава простор на детето да помине само низ приказната, но му дава доволно референти точки за да не залута низ значењата.

Ваквиот пристап е интересен и корисен бидејќи се обраќа на возрасна група кога визуелното е доминантно и повлијателно од текстот.

Второ, внесува едно клучно име, тоа на авангардниот советски писател, Данил Хармс. Во контекст на образование кое не обрнува доволно внимание на литературата за млади ваквите мали блесоци се бесценети. Истовремено децата би биле соочени со техниката на книжевно очудување.

Овие неколку особености ја прават “Тигар на улица” квалитетно и вредно дело за мали деца.

Напишете коментар